Стогодишната мајка на премиерот Нарендра Моди, Херабен Моди е примена во болница во Ахмедабад, Гуџарат. Се вели дека нејзината здравствена состојба е стабилна. Таа наполни 100 години во јуни.
Г-дин Моди брзо отпатува од Делхи до Ганди Нагар за да биде со неа.
Откако дознал за ситуацијата на неговата мајка, тој на Твитер напишал“…Не се сомневам дека се што е добро во мојот живот, и се што е добро во мојот карактер, може да им се препише на моите родители. Денес, додека седам во Делхи, исполнет сум со спомени од минатото''.
Водачот на Конгресот Рахул Ганди и посака брзо закрепнување
„Љубовта меѓу мајката и синот е вечна и бесценета. Моди џи, мојата љубов и поддршка е со тебе во ова тешко време. Се надевам дека мајка ти ќе оздрави наскоро“".
***